Утре се играат сите мечеви од 4.коло во ПМФЛ. Шкупи, кој досега нема примено ниту еден гол, го чека тешко гостување во Струга, каде ќе му гостува на тимот на Струга Трим Лум. Тоа е довчерашниот клуб на Блертон Шеји, младинскиот репрезентативец на Македонија, кој ова лето направи трансфер од Струга ТЛ на Чаир.
Во пресрет на утрешниот меч, самиот Шеји за клупскиот сајт го кажа и следното…
“Враќањето во Струга, играњето против Струга Трим Лум за мене ќе биде емотивно. Тоа е тимот каде што ја започнав кариерата, тоа ќе биде специјален меч за мене. За нас тоа ќе биде тежок дуел, домашните се многу добар состав. Сепак ние направивме добра анализа, максимално сме подготвени и не криеме дека и на ова гостување, на овој натпревар, Шкупи ќе оди по трите бода“ заклучи офанзивниот бек на чаирчани.
ФОТО: fc shkupi facebook