БУНДЕСЛИГА: „Милионерите“ поразени кај Фрајбург, Бохум со прв елитен триумф (ВИДЕО)

104

По стартната убедлива победа над Ајнтрахт (Ф) во 1. коло од новата сезона, еден од кандидатите за шампионскиот наслов во Бундеслигата, Борусија (Д) доживеа пораз на гостувањето кај Фрајбург од 2:1. Домашните одиграа одличен меч и се до 60-тата минута на мечот имаа комплетна контрола на резултатот.

Фрајбург отвори со голот на Грифо во 6. минута, а Салаи во 53. веќе зголеми на 2:0.

Благодарение на автоголот на Кеител, Борусија (Д) во 59. минута успеа да намали на 2:1.

Голема бундеслигашка победа денеска оствари Бохум кој со 2:0 го совлада Мајнц. По подолга пауза, повратникот во елитата славеше на елитен меч и ги освои првите бодови сезонава.

Во последните две минути во Берлин, Волфсбург се избори за големи три бода, откако Нмеча погоди за 2:1 и за победа на „волците“ во дуелот со Херта.

Гројтер Фирт и Арминија одиграа без победник, 1:1, а реми заврши и мечот во Фракнфурт меѓу Ајнтрахт и Аугзбург.

БУНДЕСЛИГА – 2. КОЛО

Бохум – Мајнц 2:0

Ајнтрахт (Ф) – Аугзбург 0:0

Фрајбург – Борусија (Д) 2:1

Херта – Волфсбург 1:2

Гројтер Фирт – Арминија 1:1

Баер (Л) – Борусија (М) – 18.30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноШкендија реагира на судењето
СледноФранцузинот Ремон победи на Охридскиот маратон, Поп Ацев заврши трет (ВИДЕО)