Вардар обезбеди финале на „Хумел Купот“

266

Ракометарите на Вардар ќе играат во финалето на „Хумел Купот“ во Магдебург, откако денеска во полуфиналниот дуел со дански Холстебро славеа со 33-28.

Вардар имаше доброотворање на мечот и на пауза замина со минимална предност од 14-13. Во второто полувреме, вардарци се одлепија на плус четири гола во првите 10-тина минути, што практично и беше најава за победата.

Противник на Вардар во мечот за трофејот на „Хумел Купот“ ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Магдебург и Горење.

ПретходноФранцузинот Ремон победи на Охридскиот маратон, Поп Ацев заврши трет (ВИДЕО)
СледноПРЕМИЕРЛИГА: Шампионот со „петарда“ го испрати Норвич (ВИДЕО)