Голманот на Струга ТЛ прави трансфер во Албанија!

1846

Урош Ѓуриќ, голманот на Струга Трим Лум е пред трансфер во Албанија. Како што пренесуваат медиумите кај нашиот западен сосед, интернационалецот од Србија е во завршни преговори со тимот на Егнатиа, тим кој што ова лето се подготвуваше во Охрид, одигра и пријателска со Струга Трим Лум.

Инаку ова лето раководствто на стружани го ангажираа Давор Талески, еден од нашите најдобри чувари на мрежата, па така ако има конечен договор меѓу Ѓуриќ и Егнатиа, тогаш Струга Трим Лум и натаму, во името на Талески, ќе има одличен голман во својот тим.

Да кажеме дека на мечевите со Работнички и Пелистер, Талески го бранеше голот на Струга ТЛ и неговата мрежа остана нечепната.

ПретходноФондацијата на Зидан донирала 2 милиони евра за настраданите од пожарите во Алжир!
СледноПеп продава тројца за да може да го добие Хари Кејн!