Граџан: Добро се познаваме со Мешков Брест

186

Е.Пелистер денеска (20:15 часот) го пречекува Мешков Брест во првиот четвртфинален натпревар за пласман на Ф4 завршницата во СЕХА-лига.

Битолчани добро го познаваат противникот, кој ја има фаворитската улога во Битола, но тоа пак не значи дека ракометарите на македонскиот тим нема да се борат, напротив ќе се обидат да нашрават голем чекор кон Ф4.

„Мешков Брест многу добро го познаваме, одигравме неколку натпревари и во Битола и во Брест и мислам дека се квалитетни, за што говори и нивниот успех. Ги краси многу брза игра, брза транзиција. Колку што можевме се спремивме, гледавме многу видеа за противникот. Брзо дојде до официјални натпревари сезонава, го освоивме и Суперкупот и донесовме трофеј во Битола по шеснаесет години. Одигравме турнир во Струга и мислам дека бевме многу добар противник за Вардар, требаше и да победиме и да го освоиме втора година по ред тој турнир. Многу добар период е зад нас и само треба да продолжиме во тој ритам“, изјави Елмир Граџан.

ПретходноБлертон Шеји: Враќањето во Струга за мене ќе биде емотивно!
СледноФлоренци: Зошто го одбрав Милан? Тие беа најупорни…