ФОТО: Twitter.com/Beşiktaş Vodafone Kadın Futbol
Македонскиот шампион во женска конкуренција Каменица Саса го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите. По поразот од Јувентус со 12:0, македонскиот првак играше за трето место со турскиот Бешикташ и загуби со 4:0.
Избраничките на Зоран Златковски добро се држеа до 57. минута, а тогаш напаѓачката на „црно-белите“ Ураз Јагмур ја затресе мрежата. Во 77. минута Карабулук зголеми на 2:0, а десеттина минути подоцна Инџик од пенал зголеми на три разлика, конечниот резултат го постави Ханџар во судиското продолжение.
Инаку турнирот се играше во Торино, Италија.