Мајорка не само што не смета повеќе на нашиот репрезентативец Александар Трајковски, туку од петни жили се обидува да го тргне од платниот список. Тоа практично значи дека Мајорка во последните денови од преодниот рок ќе се обиде да го продаде нашиот интернационалец или да го раскине договорот со меѓусебна спогодба.
Како што пишуваат локалните медиуми на Мајорка, претседателот на клубот потенцирал дека Трајковски е непотребен и на него не се смета сезонава. Ситуацијата е сложена и за клуб и за фудбалерот, затоа што Алекс има договор со Мајорка до 2023 година. Тој се пресели во Шпанија пред две години, по претходната промоција во Примера и никако не успеа да фати место во тимот.