Ристески: Да продолжи позитивната серија и во Струмица

229

Тимот на Ренова, можеби неочекувано за мнигумина на стартот на новиот шампионат е на самиот врв на табелата.

По три одиграни кола има седум бодови, нема пораз, и е на делба на првото место на табелата заедно со екипите на Шкупи и Академија Пандев.

Токму Струмичани се следниот противник на Ренова викендов, и тоа на нивен терен, вистински тест за моменталната форма и резултатски аспирации на „Гипсарите“.

„Секако дека сме задоволни од она што го одработивме резултатски во првите три кола. Многумина не веруваат во нас, но ете ние стартувавме добро, ја победивме Шкендија, актуелниот бранител на титулата. Но тоа нема да значи ништо ако ние почнеме да губиме бодови, онаму каде што реално имаме квалитет и капацитет да ги освојуваме. Ни следува гостување кај Академија Пандев, квалитетен тим кој ете слично како и ние добро стартуваше сезонава. Тим кој сака сигурно да победи на домашен терен, а ние сме тука тоа да го спречиме. Одиме во Струмица по бодови, и опстојување на самиот врв на табелата“ – изјави за Спортмедиа, Никола Ристески.

 

ПретходноМакедонија на силен турнир во Словенија
СледноКеитлин Метју се врати во Бадел 1862