Извонреден старт на новата сезона за шампионот на италијанската Серија А, Интер. На домашен терен, „нероаѕурите“ го прегазија тимот на Џенова предводен од нашиот Горан Пандев со 4:0.
Уште на самиот почеток беше јасно дека Интер иако со многу променет тим од оној шампионскиот од минатата сезона, па и со нов тренер, ќе биде доминантен во секој поглед во однос на Џенова. Домашните поведоа брзо преку Шрињар во 6. минута, за во 14-тата веќе да биде и 2:0 со еден прекрасен гол на Турчинот Чалханоглу.
Во вториот дел Џенова притисна, но беше далеку од гол. Следуваа уште два во гостинската мрежа преку Видал и Џеко за конечни 4:0.
Во вториот меч на отворањето на сезоната, Сасуоло замина како победник од гостувањето кај Верона совладувајќи ја со 3:2.