Барди ги чека “кралевите“…

260

Вечерва од 22 часот, во меч од 2.коло во Ла Лига, Леванте на свој терен го дочекува Реал Мадрид. Значи нашиот репрезентативец Енис Барди ги дочекува “кралевите“ на свој терен. Ете шанса “кралот“ на слободните удари, како што го нарекуваат еден од нашите најдобри фудбалери да одигра токму против Реал Мадрид уште една одлична фудбалска претстава и да го искаже сиот свој раскошен квалитет.

Леванте на стартот на гостувањето кај Кадиз дојде до 1:1, додека Реал Мадрид славеше против Алавес. Сепак “кралевите“ си имаат проблеми. Вечерва против Барди и Леванте во тимот, поради повреда, ќе ги нема Крос, Модриќ, Марсело, Менди…

ПретходноМагарињата веќе не “летаат“: Киево и официјално веќе не постои!
СледноЛегендата на Ливерпул боледува од Алцхајмерова болест!