Воска Спорт со три нови имиња!

1061

На три – четири дена пред стартот на сезоната во ВМФЛ – ЗАПАД, Воска Спорт денеска се засили со три нови имиња. Охриѓани и официјално се пофалија со Благојче Истатов, напаѓач кој доаѓа од Осогово. Потоа тука Мергим Дани од Кораб, кој игра во средниот ред и Филип Лазаревски, сега веќе екс голманот на Скопје.

Да потсетиме дека Воска Спорт во среда, во првиот свој меч во ВМФЛ – ЗАПАД ќе му гостува на Гостивар, потоа во 2.коло игра дома со Кораби, за да во 3.коло на 11 септември му гостува на Вардар во Скопје во дербито.

ПретходноЗахариевски: Тензично дерби, заслужена победа на Струга Трим Лум…
СледноДимитриевски на голот, Рајо минимално поразен во Сан Себастијан (видео)