Фудбалерите на Лион беа близу до првата победа во новата сезона во Франција, но повторно тотално разочараа пред своите гледачи. Во меч со Клермон, Лион имаше водство од 3:1 до 80. минута на средбата, па на крајот мораше да спасува и бод.
Просто, неверојатно е како Лион остана без победа. Откако поведоа со 3:1 и имаа неколку стопроценти шанси, дозволија гостите комплетно да се вратат во мечот. Рашани беше човекот за изненадување кај гостите, кој погоди двапати во 80. и 91. минута и успеа на Клермон да му донесе 3:3.
Лион има само еден бод по три кола, а Клермон има седум и продолжува да прикажува одлични натпревари во Лига 1.