Челзи го „реши“ Арсенал на „Емирати“, погоди и Лукаку (видео)

154

Екипата на Челзи го совлада Арсенал во гости со 2:0 во дербито на 2. коло во англиската Премиер лига. Со тоа „сините“ ја впишаа втората победа, додека Арсенал вториот пораз.
Во 15-тата минута погоди Ромелу Лукаку на дебито за Челзи по кам-бекот од Интер. Белгиецот беше на место за да ја турне топката во голот по шутот на Рис Џејмс.

Во 35 минута веќе беше 2:0 за Челзи. Реализатор Рис Џејмс.

Пет минути подоцна Арсенал бараше пенал по прекршокот на Џејмс врз Сака во казнениот простор меѓутоа судијата не досуди удар од белата точка.

Севкупно гледано Челзи беше подобар противник, дури 65% посед на топка, 20 шутеви од сите позиции од кои пет беа во рамките на голот. Арсенал повеќе комбинираше отколку што се одлучуваше да шутне (само 6 удари), а не успеваа да ја протнат топката меѓу цврстата одбрана на европскиот првак.

Идното коло Арсенал игра со ВБА во гости, а Челзи му гостува на Ливерпул.

 

ПретходноДимитриевски на голот, Рајо минимално поразен во Сан Себастијан (видео)
СледноБаерн се измачи но ги освои бодовите против Келн (видео)