Во последниот дуел од четвртото коло од домашниот фудбалски шампионат, тимот на Академија Пандев вечерва на домашен терен успеа да слави над тимот на Ренова со конечни 2:1. Истите се плод на пресвртот во второто полуреме кој домашните го создадоа со головите на Андреј Стојчевски и Кристијан Велиновски во радиус од седум минути, од 49. до 56.
А се тргна добро за тимот на Ренова на овој меч. По стартното испитување на силите, Фатјон Јусуфи упати удар во 24. минута од мечот, топката го погоди Ремзифаик Селмани, и го измами домашниот голман Јовановски и влезе го голот на Академија Пандев.
На полувреме се отиде со гостинска предност, а во продолжението, домашните играа далеку подобро. Ја искористија првата можност откако Стојчевски погоди од полуволеј во горниот десен голманов агол. Само неколку минути подоцна, Велиновски ја искористи добрата позиција во шеснаесетникот на Ренова, погоди ниско по земја, и под Хадис Велији за 2:1. До крајот на мечот Академија Пандев имаше уште неколку ситуации за да зголеми и на 3:1, но не успеа да го стори тоа.
Со ова, Академија Пандев ја оствари третата победа во овогодинешниот шампионат и го освои десеттиот бод, со што ќе биде лидер на табелата минимум до следното прволигашко коло.