„Баварците“ го срушија европскиот рекорд на Реал Мадрид

306

Баерн Минхен постави нов европски рекорд по голови на последователни натпревари меѓу најсилните пет европски првенства (според УЕФА коефициентот). Во победата над Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија го изедначија рекордот на Реал Мадрид од сезоната 2016/17, а денеска благодарение на победата од 3:2 против Келн го поминаа рекордот. Тоа значи дека германскиот шампион постигнал најмалку еден гол на 74 едноподруго натпревари, а серијата датира од 9 февруари 2020 година кога одиграа без голови против РБ Лајпциг.

Од тогаш Баерн постигна 215 голови (заедно со денешните три против Келн), а од нив 72 се на контото на Роберт Левандовски. А во серијата на Реал бројот на голови изнесуваше 200.

Рекордот на Баерн е подобар и од оној рекорд на славниот бразилски клуб Сантос со Пеле во тимот во раните шеесетти години на минатиот век кога постигнуваше гол(ови) на 73 натпревари по ред.

Инаку во својата серија од 74 едноподруго мечеви, најмногу голови „баварците“ и дале на Борусија Дортмунд (14) што не е чудно затоа што и најмногу пати се играле со нив. Следуваат Ајнтрахт и Шалке (со по 13), Баер Леверкузен (12)…

ПретходноБаерн се измачи но ги освои бодовите против Келн (видео)
СледноНекогашниот македонски селектор останува во Романија