Германскиот шампион Баерн Минхен ја впиша првата победа во новата сезона на Бундес лигата но потешко од очекувањата. На свој терен го пречека Келн и по првото полувреме немаше голови. На почетокот на вториот дел во период од девет минути „Баварците“ со погодоците на Левандовски и Гнабри поведе со 2:0, меѓутоа во следните две минути Келн изедначи со головите на Модесте и Ут.
Но во 71 минута Гнабри го врати водството на Баерн додека фудбалерите на Келн немаа сили за уште едно изедначување. Келн го впиша првиот пораз.
Гнабри сега има 9 голови во 7 дуели против Келн. Значи ептем му оди кога станува збор за дуелите со оваа екипа.
ONE AND ONLY GNABRY pic.twitter.com/EZBqyB72JK
— Mahmoud Bradosty ➐ (@Tall_One98) August 22, 2021