Аналитичарот на ЕСПН, Боби Маркс, најави дека НБА тимот Бруклин Нетс може да потроши повеќе од 500 милиони долари за обновување на договорите на трите суперsвезди: Кевин Дурант, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг.
“Кевин Дурант веќе потпиша 4-годишен договор за 198 милиони долари. Тука е Харден, кој има право за тригодишно продолжување од 161 милиони долари. И, конечно, тука е и Кајри Ирвинг, кој може да го продолжи договорот за четири години за 182 милиони долари. Значи, ако сите тие повторно ги потпишат договорите, тогаш нивната вкупна плата ќе биде 541 милиони долари. Сега приоритет на клубот е развојот на тимот околу нив“, вели Маркс.
Бруклин Нетс, според многу експерти, се фаворити за претстојната НБА сезона.