ВАР го спаси Удинезе: Јувентус водеше со 2-0, па освои само бод (ВИДЕО)

138

Јувентус ремизираа на гостувањето кај Удинезе (2-2) во првото коло од новата сезона во Серија А. „Старата дама“ дуелот го почна без Кристијано Роналдо, кој влезе во 60. минута.

Дибала во 3. минута донесе водство од 0-1, Куардадо во 23. минута зголеми на 0-2. По одморот следеше целосен пресврт, Переира во 51. минута намали на 1-2, додека пак во 83. минута Делофеу израмни на 2-2.

Јувентус 95. минута успеа да дојде до водство од 3-2, но ВАР го поништи голот на Роналдо.


ФОТО: Јувентус/Твитер

ПретходноМајкл Џордан го дигна Сплит на нозе (ВИДЕО)
СледноКОНЕЧНО НЕШТО ОФИЦИЈАЛНО: Работнички ги претстави новите дресови (ФОТО)