На три – четири дена пред стартот на сезоната во ВМФЛ – ЗАПАД, Воска Спорт денеска се засили со три нови имиња. Охриѓани и официјално се пофалија со Благојче Истатов, напаѓач кој доаѓа од Осогово. Потоа тука Мергим Дани од Кораб, кој игра во средниот ред и Филип Лазаревски, сега веќе екс голманот на Скопје.
Да потсетиме дека Воска Спорт во среда, во првиот свој меч во ВМФЛ – ЗАПАД ќе му гостува на Гостивар, потоа во 2.коло игра дома со Кораби, за да во 3.коло на 11 септември му гостува на Вардар во Скопје во дербито.