Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски беше на голот на Рајо Ваљекано на гостувањето кај Реал Сосиедад. Рајо загуби со 1:0 со гол од пенал во 68. минута што го реализираше Ојарзабал. Столе не можеше да го одбрани неговиот удар.
Судијата досуди пенал по игра со рака на еден играч на Рајо.
Со тој гол мадридската екипа го загуби мечот што е нивен втор пораз по два одиграни меча во Ла Лига. Идното коло Рајо Ваљекано ќе игра дома против Гранада.