„Дијамантот“ најави опасна сезона, Мурињо тргна убедливо (ВИДЕО)

1545

Наполи со победа ја отвори новата сезона во Серија А, на домашен терен ја совлада Венеција со 2-0, а во листата на стрелци се запиша Елиф Елмас.

Македонскиот репрезентативец влезе во 35. минута и го постигна вториот гол за својот тим. Претходно Инсиење во 62. минута од белата точка го отвори мечот (1-0), 11. минути подоцна токму Елмас убаво се снајде пред голот на противникот и зголеми на 2-0. Ова беше конечниот резултат на мечот.

Триумфално тргна и Жозе Мурињо. Во меч со два црвени картони (по еден на двете страни), Рома на домашен терен ја совлада Фиорентина со 3-1.

ПретходноТака прават мајсторите: Елмас со гол ја отвори сезоната (ВИДЕО)
СледноТојота до четвртата победа по ред на славната „24 часа Ле Ман“