Не само што му го нанесоа првиот пораз на Шкупи, не само што за првпат ја затресоа мрежата на чаирчани оваа сезона, Струга Трим Лум попладнево на свој терен успеа дури со 4:2 да го победи големиот фаворит.
Босанчиќ брилјираше со три гола, имаше четири пенали на дербито, и на крај конечни 4:2. Три бода со кои четата на стратегот Срѓан Захариевски барем до вечерва ќе биде лидер на табелата во ПМФЛ.
“Па што да се каже по еден ваков тензичен натпревар. Вистинско дерби кое ретко се гледа на нашите стадиони. Имаше од се по нешто, но на крајот кога се ќе се одземе и додаде, сметам дека Струга Трим Лум заслужено го победи Шкупи. Честитки за нашите играчи. Босанчиќ? Одличен, да не кажам перфектен“ изјави за “Спортмедиа“ стратегот на стружани.