Борец и Брегалница играат во рамките на 4. коло на ПМФЛ, а домашните фудбалери водат со 1:0 благодарение на катастрофалната реакција на голманот на штипската екипа Денковски. По шутот на Лука Трајковски од далечина, топката се тркалаше кон голот на Борец, а Денковски клекна да ја собере со раце но што се случи не знаеме! Топката помина низ неговите раце и меѓу нозете и заврши во мрежата.