Менаџерот на тимот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од вчерашната победа на неговиот тим во рамките од второто коло во Премиер лигата против тимот на Барнли од 2:0 на домашен терен, но имаше големи примедби на арбитражата на главниот судија Мајк Дин. Ретко се случува на вака високо ниво еден менаџер да се бави со судењето, но ете Клип реши да проговори и на оваа тема.
Тој смета дека се дозволува премногу груба игра и дека мора да се санкционираат многу повеќе прекршоци.
„Секогаш мора да сте подготвени за борба, но ова што се случува е навистина грубо.Не сум сигурен дека одиме во вистинскиот правец, ова не е фудбалот кој сакаме да го гледаме. Ваквите нешта мора да се избегнуваат“ – изјави Клоп па додаде.
„Се започна со промената на правилата за заштита на играчите. Сакаме да имаме течна игра, но има ситуации кои мора да се окарактеризираат како прекршок. Зарем не постојат повеќе прекршоци? Не сум сигурен во тоа. Мене ми се допаѓаат одлуките кои се носат во име и корист на офанзивните екипи, но ние мора да ги штитиме играчите. Не може да бидеме на страната на оние кои со сета сила се обидуваат да спречат офанзивен играч. Да бидеме на старана на оние кои фудбалот го гледаат единствено преку тој елемент. Ако е така, тогаш одете гледајте борење, а не фудбал. Па како да тренираме и како да се браниме од стартови како оние на Тарковски, Барнс и Вуд? Јас тоа никогаш не би го дозволил“ – изјави Клоп.
Германскиот стратег поентираше со фактот дека играчите на Барнли не добија ниту еден жолт картон во текот на целиот меч.