Синоќа тимот на Барселона не успеа да победи на гостувањето кај Атлетик Билбао во рамките од второто коло од новиот шампионат во Примера. Одигра само 1:1, и тоа се спасуваше од пораз, со голот на Мемфис Депај.
Тренерот на Барса, Роналд Куман нормално е незадоволен од исходот но и од самата игра која не донесе три бода. Тој по мечот изјави дека во моментов се чувствува тоа што Лионел Меси повеќе не е дел од Барселона.
„Не сакам секогаш да коментирам на оваа тема, но сепак зборуваме за најдобриот фудбалер на светот. Ривалите повеќе се плашат кога Меси е против нив . Ако подадете на Лео, тој многу ретко ќе ја загуби топката. Но тој веќе не е во тимот и тоа не може да се промени “, изјави Куман па додаде.
„Атлетик одигра многу тешко за нас. За мене беше важно што имавме добра реакција по голот. На крајот можевме дури и да победиме “, рече Куман.