Иако според квалитетите, според традцијата, Македонија ЃП треба да биде аутсајдер на мечот со Шкендија денеска, сепак “лавовите“ си имаат свои сметки.
Осоколени по оние 5:1 против Скопје во минатото коло, ѓорчепетровци преку Фернандо Аугусто и се закануваат на Шкендија.
“Нас не не интересира кризата во редовите на Шкендија. Македонија ЃП во Тетово оди по трите бода. Подготвени сме за овој натпревар и сигурен сум дека сите во тимот ќе го дадеме максимумот“ вели еден од бразилците во таборот на “лавовите“.