Магарињата веќе не “летаат“: Киево и официјално веќе не постои!

1019

Голема тага во фудбалот. По 92 години постоење, Киево, еден од клубовите кои во минатото беше сакан од сите вистински фудбалски фанатици, веќе не постои. Тоа значи дека “Летечките магариња“ како што беше позната екипата на Киево од Верона, ширум Европа и светот, згасна. Штета.

Ова денеска на социјалните мрежи го напиша легендарниот капитен Серџио Пелисие.

Збогум мој сакан Киево. Ова е најтажниот ден во мојот живот. Направивме се што можевме, но сепак не успеавме да го спасиме Киево“.

Киево минатата година се натпреваруваше во Серија Б. Потоа прогласи бакрот, не успеа навреме да обезбеди адекатни спозори и со тоа клубот згасна.

Инаку основан е во 1929 година. Во Серија А се натпреваруваше од 2001/02 па се до 2018/19. Во тој период двапати играше и на евро-сцената.

Беше култен тим…

ПретходноФИНАЛЕ: Вардар во Магдебург по нов трофеј (ЛИНК)
СледноБарди ги чека “кралевите“…