Манчестер Ј. само со бод од „Ст. Мери“, Тотенхем со Кејн славеа кај Вулверхемтон (ВИДЕО)

181

Саутемптон и Манчестер Ј. одиграа 1:1 во еден од најинтересните дуели во 2. коло на англиската Премиер лига. Иако гостите влегоа како благ фаворит на мечот, на крајот не успеаја да заминат со втора сезонска победа.

Саутемптон уште еднаш потврди дека е исклучително опасен на домашен терен. На полниот „Ст. Мери“ уште во првиот дел откако го преживеаја почетниот притисок на гостите, домашните играчи успеаја да го отворат резултатот. Во 30. минута Адамс биеше, но топката од Фред заврши во голот на гостите и им донесе водство на фудбалерите на Саутенптон со 1:0.

Манчестер Ј. во вториот дел најави дека сака израмнување што е можно побрзо. Само 9 минути беа потребни за Гринвуд да ја смести топката меѓу нозете на МекКарти и да израмни на 1:1.

Тотенхем го врати Хари Кејн во тимот (влезе од клупата во второто полувреме) и се радуваше на нова минимална победа. По оние 1:0 против Манчестер Сити минатото коло, лондончанис о истиот резултат денеска го совладаа и Вулверхемптон, но на гости. Стрелец на единствениот гол беше Деле Али од пенал на самиот старт на мечот.

Ова беше посебна победа за Нуно Еспирито Санто, кој како екс-тренер на „волците“ сега славеше со својот нов тим на познатиот стадион.

ПретходноБруклин ќе потроши 500 милиони долари за три нови договори!
СледноПолувреме: Босанчиќ трипати го “тресеше“ Шкупи, бурно во Струга… (ВИДЕО)