Мециновиќ: Очекувам неизвесно дерби во Струга, ќе одлучуваат нијанси!

150

Попладнево во Струга од 16 часот, во меч од 4.коло во ПМФЛ, се среќаваат Струга Трим Лум и Шкупи. Се разбира дека тоа е дерби на колото. Се среќаваат две екипи со високи амбиции, две екипи кои ова лето ја претставуваа Македонија на евро-сцената. Две екипи кои во првите три кола немаат пораз и се при врвот на табелата.

За тоа што може да се очекува од овој меч, свое видување има искусниот дефанзивец на стружани, Јасмин Мециновиќ.

Ова е дерби на колото, тука нема дилеми. Лично очекувам тврд и неизвесен натпревар. Мислам дека ќе одлучуваат нијанси. Шкупи е во добра форма, исто и ние. Ги анализиравме слабостите на чаирчани и ќе се сториме се што е во наша можност да дојдеме до трите бода“ изјави за „Спортмедиа“, Јасмин Мециновиќ.

ПретходноИнзаги: Не можевме да сонуваме за подобар почеток
СледноПМФЛ: Време е Шкендија да ја покаже силата, Работнички по триумф над Тиквеш…