бојан Миовски уште еднаш покажа зошто е на списокот на селекторот Благоја Милевски за претстојните квалификациски дуели.
Тој е во извонредна форма, голгетерска пред се, и затоа што го спаси својот тим МТК од пораз и тоа кај тимот на Ујпешт, со гол и асистенција.
Најпрво Миовски израмни на 1:1 откако домаќинот имаше минимална позитива, а потоа во последните моменти од мечот, асистираше за нов гол, кој овопат за неговиот тим значеше и конечен триумф од 1:1.
Ако на ова се додаде дека на нашиот интернационалец му беше поништен и гол поради ВАР, ќе се согласиме сите дека тој беше број еден играч на овој меч.