Му удри слава во глава: Прво одби нов договор со Барселона, сега не сака да игра за Шпанија

1134

Младиот фудбалер на Барселона, Илаиш Мориба, кој има 18 години, веќе двапати успеа негативно да ги изненади сите во Шпанија. Иако му се предвидува успешна кариера, тој одлучи да ја одбие поканата да заигра за репрезентацијата на Шпанија, иако првично објави дека би сакал да го облечќе дресот на „црвената фурија“.

Илаиш Мориба прво одлучи да не го продолжи договорот со Барселона, поради што клубот го стави на трансфер листата и му се закани дека нема да одигра ниту една минута оваа сезона. Откако ја шокираше Барса со овој потег, сега ја шокираше и Шпанија откако ја одбил поканата да заигра за националниот тим. Сега Мориба решил дека сака да игра за Гвинеја.

Мориба е роден во Гвинеја, но се преселил во Шпанија како момче. Според најавите тој веќе има покана за настап за Гвинеја на следните два натпревари во септември.

ПретходноУште еден медал за Македонија: Смилковски освои сребро до 67 кг. на ЕП во Тампере
СледноБруклин ќе потроши 500 милиони долари за три нови договори!