Не мина ни недела, а да не направи глупост: Возел пијан, па сега остана без дозвола

209

Проблемите едноставно како да го следат Белгиецот Раџа Наинголан, каде и да се појави. Според белгиските медиуми, само една недела откако се пресели во Антверпен, Белгија, Наинголан остана без возачката дозвола.

Имено, 33-годишниот Белгиец го фатиле како вози 100 километри на час низ центарот на Антверпен. Полицијата која го запрела фудбалерот, побарала тој да направи и алкотест, кој покажал присуство на алкохол во неговата крв.

На Наинголан веднаш му била одземена возачката дозвола поради кршење на сообраќајните правила.

ПретходноПак го нема во тимот: Бруно му спрема шут-карта на Алими!
СледноУште еден медал за Македонија: Смилковски освои сребро до 67 кг. на ЕП во Тампере