Пакијао поразен во веројатно последната борба во кариерата

200

Легендарниот боксер од Филипините, Мени Пакијао синоќа во Лас Вегас беше поразен во борбата за титулата во Супер велтер категоријата од страна на Јорденис Угас.

Веќе 43. годишниот Пакиајо одамна не е во посакуваната форма, и имаше пред оваа борба двегодишна пауза. Титулата која ја освои тогаш во борбата со Кеит Турам, му беше одземена поради неактивност, а сега тој се обиде да си ја поврати но безуспешно.

Дали е ова крајот на големата боксерска кариера, не знаеше ниту самиот Пакијао по мечот.
„Сеуште немам одговор на тоа прашање. Ќе се одморам ќе размислам, па ќе ја донесам одлуката“ – изјави Пакијао, кој веќе одамна е влезен и во политичките води и се поизвесно е дека ќе се кандидира и за претседател на неговата држава.

 

ПретходноРустемоски доби повик од Канатларовски
СледноРишаиро Живковиќ доаѓа во Црвена Звезда (ВИДЕО)