Пак го нема во тимот: Бруно му спрема шут-карта на Алими!

1433

И за денешниот меч против Македонија ЃП, како на минатиот со Брегалница во Штип, во тимот и вопшто во записникот го нема Арменд Алими, клучниот играч на Шкендија. Познато е дека тој и тренерот Бруно Акраповиќ минатиот викенд имаа несогласувања, но дека работата ќе оди дотаму, да Алими го нема два меча ниту во записник, навистина ретко кој помислуваше.

Дали ова значи дека Бруно му спрема шут – карта на Алими, кој веќе седма сезона е во Шкендија.

Бесарт Ибраими е во стартните единаесет. Тој пак во средата во Штип мечот го започна од клупата, но по паузата влезе на терен и беше еден од најдобрите во редовите на Шкендија.

Интересно е тоа што од клубот велатм, барем во најавата за дуелот со Македонија ЃП, дека Шкендија може да смета на сите свои играчи освен на Камер Ќака кој е повреден.

Тоа значи дека Алими не е во тимот само поради тоа што така одлучи шефот на струката.

ПретходноЕдноставно најдобри: ШК Алкалоид повторно е првак на Македонија во шах
СледноНе мина ни недела, а да не направи глупост: Возел пијан, па сега остана без дозвола