ПМФЛ: Време е Шкендија да ја покаже силата, Работнички по триумф над Тиквеш…

349

Денеска од 16 часот закажани се пет натпревари од 4.коло во ПМФЛ. Во вечерниот термин од 20 часот, во Струмица се среќаваат А. Пандев и Ренова.

Повеќе од јасно е дека дербито се игра во Струга каде што се среќаваат Струга ТЛ и Шкупи, но сепак најголемата енигма е дали конечно македонскиот првак, тимот на Шкендија ќе успее да победи. Ова лето тетовци одиграа седум мечеви, петпати се поразени и имаат само две ремија. Тука ги сметаме и европските настапи.

Е, па, време е конечно Шкендија да покаже зошто е шампион, време е да ја покаже силата. Игра на свој терен, игра против Македонија ЃП. Екипа која по традицијата редовно си губи од тетовци.

Работнички во четвртиот меч оваа сезона попладнево по третпат ќе игра на Арената. По триумфот над Борец и ремито со Струга ТЛ, четата на тренерот Александа Влахо попладнево се среќава со Тиквеш, и според се би требало да ги освојат тие три бода.

СИНИТЕ“ ГОСТУВААТ ВО ВЕЛЕС

Еден од најинтересните мечеви денеска ќе биде оној во Велес, каде Борец ја дочекува Брегалница. И двете екипи играат добро на стартот од сезона, ова ќе биде крајно неизвесен дуел.

Скопје го дочекува Пелистер и се надева на три бода на Автокоманда. Битолчани веднаш на стартот, уште по првите три кола се најдоа во незавидна ситуација. Немаат ниту еден освоен бод, но јасно беше и пред да почне сезоната дека на Пелистер му треба време да се организира, да се рекомпонира, новите имиња да се воиграат. Можеби денеска кај “пиратите“ Пелистер ќе дојде до некој бод.

Ќе видиме. Во секој случај се очекува уште едно коло со интересни натпревари во ПМФЛ.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

А.ПАНДЕВ – РЕНОВА (20:00 Ч)

ПретходноМециновиќ: Очекувам неизвесно дерби во Струга, ќе одлучуваат нијанси!
Следно“Лавовите“ се закануваат: Не не интересира кризата на првакот, одиме по трите бода!