ПМФЛ: Конечно Шкендија “распука“, братски триумф на Арената, очајниот Денковски… (ВИДЕО)

1343

Конечно, дури во осмиот натпревар ова лето, Шкендија покажа зошто е шампион. Успеа со 4:0 да слави над Македонија ЃП и тоа под Шара. Бесарт Ибраими рано донесе водство, тие 1:0 траеја се до 89.минута кога Дориев со два гола во финишот успеа да донесе 3:0, но тоа не беше се, Дашмир Елези во последните секунди погоди за конечни 4:0.

 

Работнички потешко од очекувањата успеа да го победи Тиквеш и тоа со 2:1. Браќата Марио и Лука Станковски стрелаа за “романтичарите“, додека Ивановски стрелаше за Тиквеш.

Во Велес 1:1. Борец водеше со 1:0 со голот на Лука Трајкоски и очајната интервенција на Денковски, но затоа во последните секунди Дарко Додев ги постави конечните 1:1.

ПретходноКатастрофална реакција на Денковски – топката меѓу неговите раце и нозе па во голот (видео)
СледноПМФЛ: ПЕНАЛИЈАДА во Струга, Босанчиќ со хет-трик, фаворитот на колена… (ВИДЕО)