ПМФЛ: ПЕНАЛИЈАДА во Струга, Босанчиќ со хет-трик, фаворитот на колена… (ВИДЕО)

909

Во меч кој ретко се гледа нашите стадиони, Струга Трим Лум со 4:2 успеа да го победи Шкупи и да му го нанесе првиот пораз на фаворитот оваа сезона.

Во глава улога беше Немања Босанчиќ со три голови,но во главна улога беше и судијата Александар Ставрев кој покажа дури четири пенали на овој дуел, по два за двете екипи. Подобро кажано пет, ако се смета и оној што беше повторен за домашните во финишот на првиот дел.

Шкупи по исклучувањето на Исмаили играше цело второ полувреме со играч помалку, но сепак успеа да намали на 4:2, а во финишот преку Али Адем да погоди и пречка.

Мел во кој имаше од се помалку. Меч кој ги врача голедачите на трибините. Имаше и реакции за судиските одлуки, имаше и мал прекин поради тепачка на трибините.

Едноставно спектакл кој долго ќе се памети и за кој долго ќе се говори.

И на Автокоманда, со голот на Јашаровски екипата на Скопје со 1:0 успеа да го победи Пелистер.

РЕЗУЛТАТИ – 4.КОЛО:

БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА 1:1

(Л. Трајкоски 66./Додев 90+3.)

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 1:0

(Јашаровски 21./)

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 2:1

(М. Станковски (п) 42., Л. Станковски /Ивановски (п) 52.)

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:0

(Ибраими 6., Дориев 89., 90+1, Елези 90+3/)

СТРУГА – ШКУПИ 4:2

(Босанчиќ 6., 30., (п) 45+4., Бојку (п) 55.,/Исмаили (п) 24., Трапановски (п) 64.)

А.ПАНДЕВ – РЕНОВА (20:00 Ч)

ГОЛОВИТЕ ОД МЕЧОТ СТРУГА – ШКУПИ

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 1-0
ПретходноПМФЛ: Конечно Шкендија “распука“, братски триумф на Арената, очајниот Денковски… (ВИДЕО)
СледноМарио, па Лука, и победа на Работнички… (ФОТОГАЛЕРИЈА)