Полувреме: Босанчиќ трипати го “тресеше“ Шкупи, бурно во Струга… (ВИДЕО)

740

Какво прво полувреме во Струга! Струга ТЛ со трите гола на Немања Босанчиќ води со 3:1 против Шкупи. Имаше од се по малку, четири голови, црвени картони, прекин од неколку минути поради тепачка на трибина а во самиот финиш и пенал драма. Скендери беше фаулира, а Ставрев покажа на белата точка. Босанчич шутира, но Наумовски брани. Судиите покажаа дека одново треба да биде изведен пеналот, и тогаш Босаничќ погоди за 3:1. Ова наиде на остра реакција на гостите.

 

Завршија првите полувремиња од петте натпревари од 4.коло во ПМФЛ. Во Тетово, шампионот со голот на Бесарт Ибраими уште во 6.минута води со Македонија ЃП.

Во Велес не многу интересно прво полувреме, без многу шанси па така Борец и Брегалница играат 0:0.

Работнички со голот на Марио Станковски од пенал во 42.минута има водство против Тиквеш.

Скопје со голот на Јашароски води против Пелистер.

ПретходноМанчестер Ј. само со бод од „Ст. Мери“, Тотенхем со Кејн славеа кај Вулверхемтон (ВИДЕО)
СледноФатално второ полувреме: Магдебург го „прегази“ Вардар во финалето