Тојота до четвртата победа по ред на славната „24 часа Ле Ман“

112

Триото Мајк Конуеј, Хосе Марија Лопес и Камуји Кобајаши со Тојота 7 ја обезбедија четвртата победа по ред на јапонскиот производител на автомобили на славната „24 часа Ле Ман“. Триото го стартуваа маратонот од пол позицијат и водеа на целата трка, во финалето стигнаа со два круга предност во однос на соперниците од Тојота 8 (Буеми, Најаџима и Хартли).

Победничкиот тим имаше проблеми во текот на трката, но умешно и навремено ги решаваше без да го загубат лидерското место.

Третото место во севкупниот поредок го освои Алпине 36 (Лапјер, Ваксвие и Неграо) кој заостанаа четири круга во однос на победниците. И покрај желбата за добар настап немаа шанса во борбата против подготвените Тојоти.

Претходно„Дијамантот“ најави опасна сезона, Мурињо тргна убедливо (ВИДЕО)
СледноХаос во Ница: Навивачите со шишиња го гаѓаа Паје, тој им врати на ист начин (ВИДЕО)