Македонскиот каратист Столе Смилковски го освои сребрениот медал на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21, откако беше поразен во финалната борба во категоријата до 67 килограми од Турчинот Алтунер Јилмаз.
На патот до финалето Смилковски извојува пет победи и со тоа успеа да и донесе нов голем успех на Македонија. Вчера Стефан Стојановиќ освои златен медал во јуниорска конкуренција, Матеј Белистојаноски бронзен, а кадетот Андрес Басаров сребрен.
Македонија го завршува настапот на ова ЕП со 4 медали – 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен.