Фатално второ полувреме: Магдебург го „прегази“ Вардар во финалето

440

Вардар 1961 е поразен во финалето на „Хумел Купот“ од домаќинот на овој турнир Магдебург со 31-20 (13-12). Македонскиот првак мечот го загуби на почетокот на второто полувреме, во кое за 15. минути постигна само два гола, згора на се, голманот на бундес-лигашот Јани Грин беше на ниво на задачата.

Во првиот дел избраниците на Веселин Вујовиќ беа на ниво на задачата, имаа водство од 2-5, 3-6, 4-7 и 5-8 на средината на овој дел. Магдебург се врати во мечот со серија од 4-0, на одморот водеше со минимални 13-12.

Сликата на теренот се промени во второто полувреме, Вардар 1961 до 45. минута постигна само два гола, на другата страна ракометарите на Магдебург во мрежата на „црвено-црните“ лансираа 11 гола за 24-14 во 46. минута.

Вујовиќ повика два тајм-аута во овој период, но ниту еден не вроди плод. Третиот гол Вардар го постигна дури во 47. минута, до овој момент Грин царуваше на својата мрежа. Две минути подоцна, Магдебург поведе и со 26-15.

Актуелниот македонски првак не успеа да се врати во мечот, на крајот беше совладан во финалето.

Тото на крајот беше прогласен за МВП на турнирот.

По враќањето во Скопје, Вујовиќ и неговите момци ќе имаат доволно време да ги поправат грешките и да се подготват за првата средба против ППД Загреб во рамките на 1/4 финалето во СЕХА-лига.

ПретходноПолувреме: Босанчиќ трипати го “тресеше“ Шкупи, бурно во Струга… (ВИДЕО)
СледноКатастрофална реакција на Денковски – топката меѓу неговите раце и нозе па во голот (видео)