Јувентус ремизираа на гостувањето кај Удинезе (2-2) во првото коло од новата сезона во Серија А. „Старата дама“ дуелот го почна без Кристијано Роналдо, кој влезе во 60. минута.
Дибала во 3. минута донесе водство од 0-1, Куардадо во 23. минута зголеми на 0-2. По одморот следеше целосен пресврт, Переира во 51. минута намали на 1-2, додека пак во 83. минута Делофеу израмни на 2-2.
Јувентус 95. минута успеа да дојде до водство од 3-2, но ВАР го поништи голот на Роналдо.
ФОТО: Јувентус/Твитер