Возбудлив меч одиграа Леванте и Реал Мадрид во рамките на 2. коло во Ла Лига. На оваа средба паднаа шест гола, двата тима освоија по еден бод можеби и најреалниот исход.
Ресичи 10.000 илјади фанови на трибините уживаа во голеадата. Леванте за ког настапува Енис Барди беше близу до триумф, но Винуцијус двапати го спасуваше Реал Мадрид, со вториот погодок израмни на 3-3.
Барди влезе во 78. минута на мечот, веднаш потоа падна гол за водство од 3-2 во креација на Робер Пјер на асистенција на македонскиот репрезентативец, но Винициус го спаси својот тим од пораз.
Во самиот финиш Леванте остана со играч помалку, но успеа да ја сочува мрежата и да освои бод.
За Леванте ова беше второ реми, на отварањето одигра без победник против Кадиз.