Работнички е еден од оние тимови кои „тајно“ работи за составот за новата сезона. Градоначалникот на Општина центар, Саша Богдановиќ еднаш одржа прес-конференција најави новитети, но истите никогаш не беа потврдени официјално.
По два месеци во јавноста излезе конечно една официјална информација, а тоа се новите дресови на Работнички кои се направени по повод 75 годишнината од постоење на тимот од „Градски парк“.
Она што е познато е дека на клупата на овој клуб во новата сезона ќе биде седат, Тони Симиќ како прв тренер и Диме Тасовски како негов асистент, во улога на спортски директор треба да се појави Ѓорѓи Чековски.