Миовски во елемент: Гол и асистенција за пресврт и победа (ВИДЕО)

645

бојан Миовски уште еднаш покажа зошто е на списокот на селекторот Благоја Милевски за претстојните квалификациски дуели.

Тој е во извонредна форма, голгетерска пред се, и затоа што го спаси својот тим МТК од пораз и тоа кај тимот на Ујпешт, со гол и асистенција.

Најпрво Миовски израмни на 1:1 откако домаќинот имаше минимална позитива, а потоа во последните моменти од мечот, асистираше за нов гол, кој овопат за неговиот тим значеше и конечен триумф од 1:1.

Ако на ова се додаде дека на нашиот интернационалец му беше поништен и гол поради ВАР, ќе се согласиме сите дека тој беше број еден играч на овој меч.

ПретходноНекогашниот македонски селектор останува во Романија
СледноМајкл Џордан го дигна Сплит на нозе (ВИДЕО)