Во меч кој ретко се гледа нашите стадиони, Струга Трим Лум со 4:2 успеа да го победи Шкупи и да му го нанесе првиот пораз на фаворитот оваа сезона.
Во глава улога беше Немања Босанчиќ со три голови,но во главна улога беше и судијата Александар Ставрев кој покажа дури четири пенали на овој дуел, по два за двете екипи. Подобро кажано пет, ако се смета и оној што беше повторен за домашните во финишот на првиот дел.
Шкупи по исклучувањето на Исмаили играше цело второ полувреме со играч помалку, но сепак успеа да намали на 4:2, а во финишот преку Али Адем да погоди и пречка.
Мел во кој имаше од се помалку. Меч кој ги врача голедачите на трибините. Имаше и реакции за судиските одлуки, имаше и мал прекин поради тепачка на трибините.
Едноставно спектакл кој долго ќе се памети и за кој долго ќе се говори.
И на Автокоманда, со голот на Јашаровски екипата на Скопје со 1:0 успеа да го победи Пелистер.
РЕЗУЛТАТИ – 4.КОЛО:
БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА 1:1
(Л. Трајкоски 66./Додев 90+3.)
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 1:0
(Јашаровски 21./)
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 2:1
(М. Станковски (п) 42., Л. Станковски /Ивановски (п) 52.)
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:0
(Ибраими 6., Дориев 89., 90+1, Елези 90+3/)
СТРУГА – ШКУПИ 4:2
(Босанчиќ 6., 30., (п) 45+4., Бојку (п) 55.,/Исмаили (п) 24., Трапановски (п) 64.)
А.ПАНДЕВ – РЕНОВА (20:00 Ч)
ГОЛОВИТЕ ОД МЕЧОТ СТРУГА – ШКУПИ