Ришаиро Живковиќ доаѓа во Црвена Звезда (ВИДЕО)

652

Изненадувачки и помалку егзотичен трансфер се подготвува во таборот на Црвена Звезда.
Клубот се обидува да влезе во групната фаза од Лигата на Европа, па автоматски се обидува и што подобро да се засили. Управата се реши да посегне по изненадувачко име за фановите на тимот од стадионот „Рајки Митиќ“, а тоа е ни помалку ни повеќе туку Ришаиро Живковиќ.

Тоа е момчето кое некогаш важеше за најголемиот фудбалски талент во Холандија. ИМа српско потекло по мајка му, која и го одгледала откако неговиот татко заминал уште кога тој бил дете.
Талентот и огромниот потенцијал, Живковиќ од Гронинген го одведоа во Ајакс но офанзивецот никогаш не о исполни потенцијалот кој го ветуваше како дете,  па од Ајакс одеше на разни позајмици, па заврши во Кина. ПОследно настапуаше за тимот на Чангжун Јатаи, а вчера беше гостин во ложата на „Рајко Митиќ“ заедно со Душко Тошиќ искусниот дефанзивец инаку негов соиграч од Кина.

Спрските медиуми веќе ги прогласија и обајцата за нови засилувања на Црвена Звезда, но по се изгледа дека тоа ќе биде само Живковиќ. Тој во живо го изгледа вчерашниот дуел против ТСЦ Бачка Топола и веројатно веќе во текот на денешниов ден ќе потпише договор со трофејниот клуб од Белград.

Pedja Milosavljevic/STARSPORT
https://www.youtube.com/watch?v=gzD-JrUgPTw

 

ПретходноПакијао поразен во веројатно последната борба во кариерата
СледноХери Кејн денеска игра против Вулверхемптон