Хери Кејн денеска игра против Вулверхемптон

221

Приказната околу статусот на Хери Кејн и неговото останување или пак евентуалното заминување од Тотенхем летово добива нова епизода.

Англиските медими утринава јавуваат дека напаѓачот е на списокот фудбалери кои ќе настапи денеска на мечот кој Тотенхем го игра во рамките од второто коло во Премиер логата на гостувањето кај тимот на Вулверхемптон.

Веќе е познато дека Кејн го пропушти последниот меч на тимот и тогаш ситуацијата „зовре“ што се вели, затоа што сите помислија дека веќе нема да го видат во дресот на Тотенхем и дека тој заминува во Манчестер Сити. Сепак, тоа барем засега нема да се случи, затоа што првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, децидно кажа дека нема намера да го продаде играчот кој има уште три години договор со неговиот клуб. Мечот е закажан за 15:00 часот.

 

ПретходноРишаиро Живковиќ доаѓа во Црвена Звезда (ВИДЕО)
СледноКуман: Веќе се чувствува отсуството на Меси