Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, синоќа имаше одлично отворање на новата сезона во Серија А со гол и победа за неговиот тим Наполи. По средбата, италијанските медиуми побараа изјава од Елмас за она што се случуваше на дуелот кој Наполи го заврши со играч помалку.
„Не беше лесно бидејќи бевме десетмина, но имавме поддршка од навивачите и среќни сме. Тука има неверојатна страст и се надевам дека секогаш ќе го правиме ова со полн стадион. Топката стигна до мене и не размислував за ништо друго освен да шутирам. Среќен сум за голот, но уште повеќе за трите бода во ваков тежок натпревар“, вели Елмас.
За својата позиција во тимот и довербата од тренерот Спалети, Елмас дополни:
„Знам дека добро зборува за мене и среќен сум, но морам да се докажам на теренот. Се надевам дека ќе успеам оваа година: тоа е важно за мене, бидејќи ова е моја трета сезона во Наполи“.
Фото: Official SSC Napoli Twitter