Со голот на Брахим Диаз уште во 9.минута, Милан со победа и три бода ја стартуваше сезоната 2021/22 во Серија А. Вечерва составот на стратегот Стефано Пиоло со 1:0 славеше на гостувањето во Џенова, кај тимот на Сампдорија. Диаз стрелаше откако претходно Калабрија му асистираше.
Се играше отворен фудбал на “Мараси“, Милан организациски беше добро поставен, сепак Сампдорија во неколку наврати опасно се закани, но на крајот сепак беше поразена.
Со овој меч заврши 1.коло во Серија А во новата сезона. Интересно освен Јувентус, сите аспиранти за висок пласман успеаја да освојат по три бода на стартот од сезоната.